20 Декември, 2025
0.0762

(ФОТО) Ексклузивно презентирани новата Opel Insignia и Opel Cascada

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

Оlympia Motors по повод пристигнувањето на двата најнови модели од Опел, Opel Insignia и Opel Cascada, подготви неверојатна презентација на своите постоечки и идни клиенти, соработници и пријатели. Доаѓањето на новите модели на Опел, се одбележа на 12.12.2013, четврток, во Музејот на македонската борба. Прекрасните возила беа изложени на платото пред музејот, а идејата на организаторот беше да ги претстави во вистинско светло како и што се очекува од овие два модела. Покрај Insigniata која и е добро позната на македонската јавност, за прв пат во Македонија беше претставена и Opel Cascada, како еден поинтересен и уникатен модел. Опел и овој пат ја докажа својата иновативност, со најновиот touch pad, Intellilink ,нова палета на мотори и одлични перформанси. „Оваа година Олимпиа Моторс се потруди да направи eдна манифестација во вид на одбројување, почнувајќи од бројот 5. Сакавме да споделиме 5 искуства на клиенти кои поседуваат Опел возила, потоа 4 случки раскажани од вработените, 3-ката припадна на 3-те плакети кои Олимпиа Моторс ги додели на тројца клиенти,2-ката на најновите Опел модели и манифестацијата се заокружи со коктел за присутните“, изјави Светлана Пљакоска, управителката на Олимпиа Моторс. Присутните беа воодушевени од модерниот дизајн, вајарската уметност и елеганција, одличните карактеристики и совршената функционалност со кои се одликуваат моделите, и уживаа во целовечерното дружење кое Олимпиа Моторс несебично им го пружи. Се очекува Новата Opel Insignia повторно да биде еден од најуспешните модели на македонскиот пазар како со своите возни перформанси, така и поради добрата политика на General Motors и Олимпиа Моторс за следење на вистинските потреби за вистинските потрошувачи. [gallery link="file" order="DESC" orderby="title"]

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии