ФОТО: Eкспресно санирани последиците од поплавите во Ист Гејт Мол
Безбедноста и здравјето на сите е најважно!
Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2022 17:22
Водата која надојде од булеварот Александар Македонски во гаражниот дел од Ист Гејт Мол експресно е исцрпена. Целиот простор е саниран, и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден. Нивото на приземје како и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата. Погодените нивоа од поплава беа ниво минус 2 и минус 1 од центарот, кои сега како што може да се забележи од фотографиите се во одлична состојба, спремни да ги дочекаат посетителите.
Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Посетителите повторно можат да уживаат во огромната понуда од реномирани продавници и бројни други содржини, велат одговорните во Ист Гејт Мол.
Отворите за канализација на булеварот Александар Македонски се отпушени, а од страна на техничките служби во молот превземени се дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина.
Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




