16 Декември, 2025
0.0583

(ФОТО) Еве како е соборен: Детална анализа за падот на авионот во Украина!

Објавено во: Свет 19 Јули, 2014 10:10

Добивај вести на Viber

Во морето на различни информации засега е тешко да се процени што е вистината. Секако, потребно е да се направи сеопфатна и темелна истрага за падот на малезискиот авион за да се утврди вистинската причина и како да се спречи натамошно влошување на односите меѓу Западот и Русија.

Над источна Украина во четвртокот на летот MH17 се урна патнички авион Боинг 777-200ER на малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“, кој летал на линијата Амстердам-Куала Лумпур. Најновите податоци покажуваат дека загинале 283 патници и 15 членови на екипажот.

Авионот исчезнал од радарот околу 17 часот и 15 минути по локално време претходно летајќи на надморска височина од 10.000 метри. Тој паднал во едно село во близина на Храбово близу до местото Торез, во Донецкиот регион, само 40 километри од украинско-руската граница.

Тоа е област каде што сеуште се борат украинската армија и про-руските бунтовници. Досега нема потврдени информации со сигурност што го предизвикало падот на авионот, но украинското Министерство за внатрешни работи објави дека авионот бил соборен од страна на бунтовниците и тоа со Бук ракетен систем.

Про-руските сили, од друга страна ја обвинуваат Украина за срушениот авион. Според коментарите на поголемиот дел од украински и западните медиуми за наводното соборување не се обвинуваат само про-руските сили обвинети за самоодбрана, туку индиректно, па дури и директно за оваа несреќа се обвинува Русија.

Во морето на различни информации засега е тешко да се процени што е вистината. Секако, потребно е да се направи сеопфатна и темелна истрага за падот на малезискиот авион за да се утврди вистинската причина и како да се спречи натамошно влошување на односите меѓу Западот и Русија.

Цивилното воздухопловство во сопственост на Украина го затвори овој дел од воздушниот простор на 8 јули, но исклучок се авиони во транзит кои летаат на надморска височина од над 7900 метри. По несреќата многу светски компании најавија дека нема да летаат над Украина додека траат конфликтите.

Вооружениот конфликт во Украина меѓу владините сили и про-руската милиција на самопрогласената држава Новарусија која го опфаќа и Доњецк и Луганскиот регион на источниот дел од Украина, не престанува и како што минува времето станува се по насилен и сериозен.

Нападите на украинските воени формации првенствено во населбите стануваат се пошироки со користење на авиони и артилерија додека про-руските бунтовници прераснуваат во се подобро опремена и организирана армија која обезбедува силен отпор и нанесува големи загуби на армијата на Украина.

По падот на малезискиот авион се очекува да се намали интензитетот на конфликтот, додека конкретно во областа на падот на авионот конфликтите дури и може да се прекинат до завршувањето на истрагата.

„Ополченици“, како што ја нарекуваат про-руската милиција, како што веќе рековме се подобро се опремени па така денес на фотографиите можеме да ги видиме во сопственост на тенкови, оклопни возила, самоодни хаубици, самоодни повеќе ракетни лансери, проектили и воздухо-одбранбени системи.

Денес, тие се сериозен фактор во овој конфликт. Се работи за претежно заробено наоружување на украинската армија, иако има информации дека помал дел од тоа дошло од Русија.

Уште пред поголемите конфликти бунтовниците запленија и поголема количина на лесни преносни системи на противвоздушна одбрана, пред се системите Игла. Овие системи за два и пол месеци војна предизвикаа релативно големи загуби за украинската армиска авијација но и воено воздухопловство.

Иако „Ополчениците“ пријавија соборување на голем број авиони и хеликоптери, што е веројатно нереално, се претпоставува дека Украинците засега изгубиле десет хеликоптери. Сите се претежно погодени со веќе споменатиот лесен пренослив Игла систем.

Меѓутоа на 14 јули, во регионот на граничниот премин Изварино е соборен транспортен авион Ан-26, кој летал на висина од 6.200-6.500 метри што е надвор од опсегот на системот Игла.

Украинското Министерство за одбрана смета дека бунтовниците го собориле овој авион со ракетен системи Бук во чија сопственост дошле на 29 јуни со заробување на системот за воздушна одбрана на Украина.

Не е познато дали бунтовниците владеат со овој систем и дали имаат обучени членови на екипажот. Многу се сомневаат дека би можело да бидат присутни и руски екипи, додека други извори тврдат дека бунтовничките Букови не се оперативни.

(Обработка: И.Р, Извор: tangosix.rs)

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица