ФОТО: Го одгледуваат овошјето на иднината кое носи профит
Црни бобинки слични на рибизла или боровница се одгледуваат затоа што имаат лековити својства.
Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2016 12:17
Сибирската аронија е хит меѓу земјоделците во долината на Неретва. Во населеното место Крвавац оваа егзотична билка се одгледува како да е тука стотина години. На плантажите на семејството Јелчиќ е засадена и има добар род.
„Работиме цело семејство. Во бербата помагаат соседи, пријатели, кумови. Зимските и летните температури не се проблем, поднесува и -40 под нула“ - вели сопственикот Лука Јелчиќ.
Ова семејство прво одгледувало мандарини, но потоа увиделе дека сибирската аронија носи поголем порфит.
Тие имаат обезбедено пазар и сигурна продажба. Поседуваат 1700 стебла од кои ќе наберат 7 тони квалитетно овошје. Овие бобинки се берат внимателно и се подготвуваат за преработка. Специфично за нив е што се берат рачно. Брз берач може да набере 8 килограми за час иако плодовите се ситни. Се бере седнат на столче, а се носат задолжително и пластични ракавици затоа што аронијата испушта боја. Се работи за еколошко производство и оваа овошка се нарекува витаминска бомба или супер овошје.
Поради нутритивната вредност и антиоксидансите добра е за болни од карцином, дијабетес и кардиоваскуларни болести.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





