(ФОТО И ВИДЕО) ПОПЛАВИ, ОШТЕТЕНИ КУЌИ И ВОЗИЛА - страшно невреме во Хрватска
Објавено во: Балкан 05 Август, 2020
За само половина час, силно невреме предизвика голема штета во некои делови на Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.
Оштетени се покриви од куќи, автомобили, патокази, дрвја, силниот ветер предизвикал и спој на електрични инсталации. На терен интервенирале и пожарникари.
Славонски Брод и Нишице се најпогодени. Наврнале 17 литри дожд на метар квадратен, а регистриран е налет на ветар и од 49 километри на час.
Пгледнете ги видеата.