(ФОТО) ИВЗ испрати писмо до Владата дека нема да го почитува полицискиот час за Рамазан Бајрам
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020 09:10
Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Рецепи, објави дека Владата била информирана писмено дека нема да бидат почитувани ограничувањата на движењето за време на продолжениот викенд, односно за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.
Во писмото испратено пред три дена се информира Владата и Комисијата за заразни болести како релевантни институции, кои ја носат одлуката дали ќе биде продолжен полицискиот час за време на празникот, дека ИВЗ нема да ги откаже молитвите.
Ријасетот наведува дека ќе се почитуваат мерките за растојание при клањање на верниците како и преостанатите препораки.
Комисијата за заразни болести на Владата веќе и препорача јарантинот за престојниот викенд да трае од сабота во 19 часот до вторник до 5 часот наутро.

Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“




