18 Декември, 2025
0.5910

(ФОТО) ЈАПОНИЈА: Проработе вулкан, во смрт однесе 30 планинари!

Објавено во: Свет 28 Септември, 2014 10:58

Добивај вести на Viber

Јапонските спасувачи пронајдоа 30 мртви планинари на врвот Онтака висок 3.067 метри, каде вчера проработе вулкан. Планинарите биле пронајдени без никакви знаци на живот -  не дишат и нивното срце не работи, но Јапонија официјално не објавува смрт на некое лице додека тоа не го потврдат лекарите. Официјалниот преглед е во тек. Во спасувачката акција веднаш по ненадејната ерупција на вулканот учествувале околу 550 војници, полицајци и пожарникари. Вулканот Онтака е оддалечен околу 210 километри западно од Токио. Вчера тој ненадејно проработе, исфрлајќи огромно количество пепел и камења, а на падините на планината останаа заробени околу 300 туристи и планинари, меѓу кои и деца. Густа обвивка од пепел, дебела цели 20 сантиметри, ја покри планината, принудувајќи ги затечените граѓани да бараат засолништа. Повеќето успеаја да се вратат, а 45 ноќта ја поминаа на планината. Онтака е популарна планинарска и излетничка дестинација. Јапонската метеоролошка агенција јавува дека вулканот и денеска останува активен.    

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина