25 Април, 2024
0.0273

ФОТО: Каде одмараат богатите?

Објавено во: Стил, Галерија 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Мидхупару се наоѓа на Малдивите и е место каде одмараат богатите. 

На островот не само што одмараат, туку можат и да се забавуваат со тенис, одбојка, различни патувања, сурфање, скијање на вода, нуркање. 

Гостите кои го слават својот роденден или годишнина на островот, добиваат специјални изненадувања како шише вино, кошница со свежо овошје, торта. 

Секоја вечер се организираат различни  забави на плажа, кареоке и вечерен рибен пазар, на кој може да се најдат десетици морски плодови. 

Малдивите  се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.

Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.

Главни индустрии се туризмот и рибарството.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган