(ФОТО) КАЈ ДЕБАРЦА ЗАПЛЕНЕТИ 100 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА: Пресечен меѓународен канал за шверц на дрога во вредност од околу 350.000 евра
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2021 11:44
Министерството за
внатрешни работи информира дека вчера во 20.00 часот на локален пат во
селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за
криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и
опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за
сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38),
државјанин на Р.Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на
марихуана од Р.Албанија во нашата држава.

Како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол во Министерството за внатрешни работи, при извршен преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, со албански национални ознаки, кое М.П. го управувал, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, со вредност од околу 350.000 евра.

-Оваа заплена е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици. М.П. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Охрид според член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




