Добивај вести на Viber
Нови 226 автобуски постојки од три типа ќе бидат поставени во Скопје во зависност од фреквенцијата на сообраќај, патници, како и од потребите за рекламни паноа.
Автобуските постојки ќе содржат настрешница, клупа за седење, информативна табла и канта за отпадоци. Клупите за седење се наменети за три лица, а ќе бидат изработени од перфориран челик. На задниот дел од автобуските постојки ќе биде поставено сигурносно стакло, 10 милиметри. Покривната површина ќе биде со лексан (поликарбонска плоча) со двострана УВ заштита, оптичка проѕирност со боја на чад. Ќе бидат изработени од фосфатизиран челик со прашкасто бојадисување со металик боја.
Вредноста на овој проект е околу 60 милиони денари.