19 Декември, 2025
0.1179

(ФОТО) Кредиторите и поставиле на Грција нови услови

Објавено во: Балкан, Економија 24 Јуни, 2015 18:48

Добивај вести на Viber

Кредиторите на Грција и дале на владата преработени услови на договорот за финансиска помош, откако премиерот Алексис Ципрас изразил скептицизам по повод неуспехот на сопствената листа од предлози, соопштува „Bloomberg“.

Преработените мерки и се претставени на грчката влада денеска наутро, тврди запознаен извор, кој побарал анонимност.

Новите услови биле испратени додека Ципрас се подготвувал за средбата во Брисел со лидерите на трите кредиторски институции - претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард и претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер. Министрите за финансии ќе се соберат подоцна во текот на денот, во обид да постигнат договор пред пред 30 јуни, кога е крајниот рок за исплата на околу 1,5 милијарди долари долг на Грција кон ММФ.

„Се уште има многу работа да се постигне договор“, изјави холандскиот министер Јерун Диселблум, кој претседава со состаноците на своите колеги од еврозоната. „Не сме дошле до крајот“.

Последните пормени на предлозите нагласуваат френичен карактер на преговорите во завршните часови, пред да дојде крајот на спасувачкиот заем и финансии на Грција. Европските берзи паднаа порано во текот на денот, откако Ципрас ги укорил на „Twitter“ кредиторите на својата земја дека не ги прифаќаат предлозите од понеделникот со мерки кои вклучуваат даночни зголемувања и ограничувања на раното пензионирање.

„Досега никогаш не се случило постојано отфрлање на еквивалентни мерки од одредени институции, ниту со Ирска, ниту со Португалија“, изјавил Ципрас преку „Twitter“ на својот профил. „Оваа чудна позиција изгледа покажува дека или нема интерес да се постигне договор, или се поддржат конкретните интереси“.

Паневропскиот индекс „Stoxx Europe 600“ забележува пад од 0,5% по изјавата, додека грчкиот индекс „ASE“ се распадна за 3,8% од 16% во претходните два дена. Португалскиот индекс „PSI 20“ исто така се намалил за 1,5%, што е втор најголем пад на западноевропските пазари.

Иако европските политичари ги поздравија предлозите на Грција како база на разговорите, германската канцеларка Ангела Меркел истакнала дека трите кредитори на земјата веќе ги поднеле основите на договорот на средбата во Берлин на 1 јуни.

„Појдовна точка е оваа заедничка позиција на трите институции, која веќе содржи некои отстапки кон Грција во однос на оригиналните обврски во втората програма“, изјавила таа во понеделникот.

Во меѓувреме излезе информација дека грчката влада повторно ги отфрлила барањата на кредиторите, како и информациските агенции пак цитираат анонимни извори. Во меѓувреме и министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле коментирал дека до договорот останува „долг пат“.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен