ФОТО: Lindt чоколадите отсега во срцето на Скопје!
Lindt брендот, кој нуди голем избор на чоколади од врвен квалитет во 120 земји, отсега е присутен и во Македонија.
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2016 11:26
Појдете во новоотворениот Lindt Shop, во непосредна близина на плоштадот Македонија, и уживајте во светски препознатливите вкусови на Lindt чоколадите!
Во 1845 година дуото татко и син, Давид Шпрунгли-Шварц и Рудолф Шпрунгли-Аман ,отвараат слаткарница во стариотдел на Цирих. Две години подоцна тие стартуваат и мала фабрика за чоколадо. Така се раѓа Lindt, денес еден од најпознатите брендови на швајцарски чоколади и кондиторски производи.
Lindt е препознатлив по неспоредливите, уникатни вкусови и фина, растоплива текстура. Создавањето на толку добра чоколада е уметност која бара длабока стручност, долгогодишно иксуство и посветеност на бескомпромисен квалитет.
Во Lindt создаваат мајсторите на оваа уметност. Тие развија и рафинираа уникатни тајни рецепти, водени од врвни стандарди за квалитет и страст за креативна извонредност. Нивниот избор започнува со селекција на фини, сирови материјали и состојки од висок квалитет, а кулминира со исклучително вкусни креации кои ги радуваат сите генерации.
Од мекиот, растоплив Lindor, до тенката, рафинирана елеганција на Excellence бар чоколадото и познатото Lindt Gold Bunny, до ремек делата од пралини, Lindt се гордее со создавањето на чоколадно искуство како ниедно друго.
Како и останатите светски метрополи, oтсега и Скопје ќе ужива во најдобрите чоколадни производи.
Ве очекуваат во нивниот нов, специјализиран Lindt Shop, во срцето на Скопје, на ул.„Максим Горки“ бр.3, наспроти влезот на хотел Мериот!









Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




