(ФОТО) Опремена полиција-безбедни граѓани: Ваква униформа доби Единицата за специјални задачи
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 12:14
Денеска во касарната Илинден припадниците на Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување на посебни и специјални задачи.
-Набавени се 200 комплети униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплети униформи за специјална полиција за рурална средина, во склоп на нашите активности за овозможување на соодветни услови за работа на припадниците на МВР, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по промоцијата на новонабавените униформи за припадниците на ЕСЗ.
Министерот Спасовски потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.
Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија наназад, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски потсетувајќи дека веднаш по неговото доаѓање на чело на МВР јасно кажа дека тој дотогашен третман на полициските службеници под сите минимални стандарди е недозволив и навредлив. И еве, јавноста сведочи дека тоа се менува, секојдневно, внимателно планирајќи ги средствата, капацитетите, можностите што се на располагање. Со силно декларираната волја и домаќинско работење, согласно планираната динамика, од месец во месец раководството на МВР напорно работи на подобрување на севкупните услови за работа на полициските службеници. Впрочем, рече Спасовски, јавноста и медиумите се сведоци за таквите ангажмани како во делот на инфраструктурно и техничко унапредување, така и во поглед на материјалните подобрување на условите на работа на сите полициски службеници.
Министерот Спасовски кажа дека продолжува истото темпо и во наредниот период. Се реновираат полициските станици, се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што пак носи подобри резултати во работењето односно поголема сигурност за граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




