18 Декември, 2025
0.0652

(ФОТО) Отворен реновираниот Бар Форца!

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2014 13:27

Добивај вести на Viber

Вчеравечер, Скопје доби нов, вински супермаркет концепт.  Бар Форца ги отвори вратите на комплетно реновираниот простор, со единствен концепт од овој тип во државата. „При создавањето на овој концепт, целта беше да им излеземе во пресрет на сите љубители на квалитетно вино и пријатна атмосфера. Веруваме дека на овој начин, ја продолжуваме уникатната приказна која Форца ја гради низ десетгодишното постоење. Отсега, Бар Форца ќе биде насочен кон промоција развој на винска култура, заедно со винариите кои се присутни во нашата винотека”, изјави Боби Тешев, кој од името на Бар Форца им посака добредојде на гостите. Просторот кој е добро познат по својата пријатна атмосфера, од денес е трансформиран во вистински вински дом – место каде гостите ќе можат да ги пробаат најквалитетните вински етикети од Република Македонија и Европа. Менаџментот, во насока на одбраниот концепт за промоција и развој на винската култура во Македонија, најави одржување на работилници за винска едукација на кои ќе се изучуваат основни факти за виното, начин на изработка, и најважно, начин на конзумација на истото. На отворањето беа присутни пријатели на Форца, соработници и претставници на медиумите, а вечерта ја збогатија и настапите на Ѓоко Танески, Бени Нон Стоп и Кристина Арнаудова.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?