05 Декември, 2025
0.1520

Фото: Ова е новата опрема на ЈП „Комунална хигиена“

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2013 13:59

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска  ги промовираа новите 10 специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори. -Денеска имаме промоција на новите  10 камиони   за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање  снег во зима,  четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека  ја подобривме хигиената во градот- истакна градоначалникот Трајановски. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години   ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие коешто  денеска  промовираа  према  набавена  од сопствени средства. Новите специјални комунални возила  се со капацитет на надградба од 1,5м3. Шасијата на камионите е oд кинеска компанија ДСМ, а надградбата е на познатата турска фирма Yeni Balkan. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка ГОЛДОНИ со јачина од 12 коњски сили и комплетна приклучна опрема.За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари,  средства  коишто се целосно обезбедени од ЈП„Комунална хигиена“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!