19 Декември, 2025
0.0387

(ФОТО) Пакети со прехрамбени производи за топли оброци во народната кујна на МПЦ

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2014 16:28

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија реализираше серија донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во верските заедници.

Со донацијата на прехрамбени производи за топли оброци во народната кујна „Св. апостоили Петар и Павле“на МПЦ во населбата Ѓорче Петров, ЕВН Македонија ги заокружи празничните донации. Оваа донација ќе помогне и годинава волонтерите да подготват празнични јадења за верниците на МПЦ кои ја посетуваат народната кујна.

Протоереј Љубе Вељановски посочи дека народната кујна е дом и место за прехранување на верниците кои се во тешка социјална положба. Изразуваме голема благодарност до ЕВН Македонија, кои и оваа година не не’ заборавија. Оваа донација ќе помогне бездомниците и другите граѓани кои се во тешка социјална положба да го почуствуваат духот на празниците, рече протоереј Љубе Вељановски.

Donacija na hrana za MPC

„Оваа донација за Народната кујна Св. апостоли Петар и Павле на МПЦ е симболична порака до нашите сограѓани од социјално ранливите категории дека за празниците не се сами, и не се заборавени. Добро е она што го имате да го споделите со оние што немаат, а новогодишните и божикните празници се време за споделување добрина и разбирање, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.

Вчера ЕВН Македонија и хуманитарната организација „Хилал“ која е во склоп на Исламската верска заедница донираа прехрамбени продукти за над 800 социјално ранливи семејства.

ЕВН Македонија и Црвениот Крст во изминатиов период ја реализираа и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од повеќе градови низ земјава имаа можност од 12 до 26 декември да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња со училишен прибор: ранци и слатко изненадување.

Donacija IVZ_2014

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии