ФОТО: Пауловнија во Алгуња – потребни се години за враќање на инвестицијата
Објавено во: Агробизнис 05 Август, 2016 09:39
Педесет и три годишниот Зоран Димитриевски кој живее во Скопје, засадил дрво пауловнија во селото Алгуња во општина Старо Нагоричане.
На површина од 15 декари има 830 садници од ова дрво кое станува популарно и во Македонија. За Димитриевски која се занимава со угостителство, ова е дополнителна дејност и можност за приходи по неколку години.
„Идејата беше на син ми кој читал на интернет дека ова дрво расте брзо и одлучивме да засадиме во селото Алгуња. Насадот е стар една година и сме задоволни од тоа како дрвцата напредуваат. Некои се високи по 70 цм, а други достигнуваат и до 2 метри. Истото дрвце го имам засадено и дома во Скопје. За наводнување користам систем капка по капка, инаку покрај коренот мора да се исчисти тревата. Потребно е прскање, ние ги прскавме дрвцата два пати и се придржуваме до прописите за одгледување“ - вели тој.
Раскажува дека и други луѓе во кумановско се распрашуваат за засадување на ова дрво и за условите во кое тоа вирее.
„Ова дрво се користи за мебел, за бродови и се надевам дека насадот ќе биде успешен. Дури и да немаме профит, инвестицијата ќе се поврати по неколку години. Да го проширам насадот со пауловнија засега не планирам, но сакам да се занимавам со сточарство“ - раскажува Димитриевски.
Пауловнијата е листопадно дрвенесто растение, со потекло од југоисточна Кина. Тоа е најбрзо растечко дрвенесто растение, кое го има во Кина, Јапонија, а во последниве години и многу македонски земјоделци го засадуваат на нивите со надеж дека по неколку години ќе го продадат и добро ќе заработат.
Во Европа пауловнијата е донесена во 19 век. Стеблото се користи за добивање дрвна маса, гранките се користат за производство на биогориво и пелети, листовите се хранливи за животните, но и се применуваат во фармацевтската индустрија.
С.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?









