17 Јануари, 2025
0.0289

(ФОТО) Почна проширувањето на улицата Јордан Мијалков

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски денеска го означија стартот на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка). Улицата Јордан Мијалков ќе се прошири и ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата Герман до пред раскрсницата со улицата Павел Шатев. Со овој проект е предвидено улицата да се прошири во должина од 750 метри, а проширувањето ќе се изведува по левата страна, гледано од булеварот Мајка Тереза кон улицата Павел Шатев. По проширувањето, оваа сообраќајница ќе добие три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, средишна жардиниера со зеленило (1,5 метри), сервисна коловозна лента со паркинг широка 6 метри и тротоар покриен со бекатон-плочки. „Реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација, а ќе се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа. На проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за поставување на осветлувањето ќе биде задолжена фирмата Дигитал ДОО Струмица. Градежните работи на оваа сообраќајница треба да завршат за околу 150 работни дена. Градот Скопје, за градежните работи и за осветлувањето на улицата Јордан Мијалков, ќе вложи околу 47 милиони денари“. вели градоначалникот Трајановски. Градските власти очекуваат дека проширувањето на улицата Јордан Мијалков во голема мера ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж од центарот на градот кон Кисела Вода, ќе се скрати времето на патување, а со тоа ќе се намали и загадувањето од сообраќајот во овој дел на градот.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете