Добивај вести на Viber
Првиот ден од Саемот за Деца, кој по четврти пат се организира во Скопје Сити Мол, беше навистина забавно искуство за сите присутни. Најмладите, пак, уживаа забавувајќи се со маскотите кои имаа дефиле низ молот, надополнети од извонреден оркестар! Забавата продолжи со концертот на Златните славејчиња, кои изведоа дел од своите најголеми хитови. А за крај, танцување! Интернационалното училиште НОВА со танцов перформанс го затвори првиот ден, кој само ја најави огромната забава која Скопје Сити Мол ја подготви за најмладите, а ќе трае во текот на целиот викенд!
Петок е резервиран за Танцовиот клуб „Ритам Плус и нивната хип-хоп level.up работилница од 18:00 часот, цртањето јунаци со Просветно дело од 18:20 часот, и „И ти и јас, ќе погодиме за час!” квизот на Росица. Централен настан е интерактивната театарска претстава „Желби, желби” која ќе започне во 18:30 часот.
Но, кои се големите изненадувања предвидени за викендот?!
„Во Сабота од 13:00 часот ќе се оддржи парадата на уникатно декорирани бебешки колички, кога најуспешните ќе бидат наградени. Дополнително, ќе имаме навистина брза трка во лазење, и трка со дубачиња! Од 14:30 пак, започнува детската олимпијада – влечење со јаже, мини куглана, скокање со ластик, скокање во вреќа се дел од дисциплините во кои децата ќе можат да се натпреваруваат. Вториот дел од програмата ќе започне со дружбата со пчеличката Маја во 18:00 часот, а во 19:00 часот е закажан филмскиот квиз во Cineplexx со наслов „Секој има свој филм”, каде веќе традиционално, од 12:00 часот напладне ќе се оддржи и Семејниот ден. Во недела, од 13:00 часот ќе се дружиме со фудбалерите на македонската репрезентација, а половина час подоцна започнува големата детска модна ревија! Ова е нешто што не смее да се пропушти, пред да се упатиме кон завршната забава со омилените маскоти. Ова ќе биде викенд кој верувам дека и децата и родителите, а и ние кои сме дел од тимот на Скопје Сити Мол, долго ќе го паметиме како најзабавен викенд досега”, изјавија од Скопје Сити Мол.
Дополнително, во текот на целиот викенд, забава ќе има и во Сити кидс клубот каде ќе се бои, игра и моделира. За оние оние поголемите пак, е предвидена забава во Game Zone, каде ќе се плетат ластичиња, ќе се игра Connect 4 и последната хит игра на Сони, Sky Landers. За овој активен викенд да биде комплетен, бесплатни физички активности за психо-моторика на деца до 7 години ќе бидат спроведувани неколку пати во денот.
Конечно, остануваат уште два дена од пријавувањето од изборот на лица за календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година. „Биди ѕвезда во 2015” е официјалниот наслов на истиот, а фотографирањето на сите деца се спроведува во импровизираното фото студио на вториот кат. Термините за фотографирање се Сабота и Недела, од 13:00 до 16:00 часот. Фотосесијата е реализирана од познатата македонска фотографка Маја Аргакиева.
На самиот крај, да не ги заборавиме и вредните награди и изненадувањата кои ќе бидат составен дел од речиси сите активности во текот на четирите саемски дена.
Сите настани се слободни за посетителите, а сите дополнителни информации ќе можат да се добијат кај организаторите на саемот.