(ФОТО) Пратеникот Крмов бара на собраниските онлајн-седници секој да има велигденско јајце пред камера
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020
Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, објави еден од трите илјади амандмани со кој опозицијата сака да ги блокира измените на собранискиот Деловник во кој пратеникот на „Левица“, Борислав Крмов, бара секој пратеник при онлајн-седниците да има пред камера велигденско јајце.
Инаку предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците што учествуваат во online работата на собрание пред себе да имаат велигденско јајце. Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.
Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите.“, напиша Костадинов на Фејсбук.
„Левица“ поднесе 1.300 амандмани до Собранието со цел да се блокираат измените на собранискиот Деловник за работа, така што пратениците кои се заболени од Ковид-19 или се во самоизолација не би можеле во скоро време да работат и да гласаат од далечина за време на седниците.
Според владеачкото мнозинство, ова е обид на опозицијата да ја блокира рабоптата на Собранието за време на кризна состојба кога треба да се носат одлуки во корист на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.