(ФОТО) Само еден коверт со фискални испратил Трајко од Куманово, а доби стан
Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2014 13:57
„Чичко Трајко од Куманово и неговото семејство се најдобар пример дека среќата ќе си дојде тогаш кога е пишано. Во играта тој учествуваше со едно плико заедно со неговата сопруга, синовите и внуците и си ја доби наградата – вреден стан во централното градско подрачје на Скопје. Ова покажува дека секој што учествува во наградната игра „Фискална во рака награда без мака“ може да биде добитник на вредна награда. Мене ми е посебно задоволство и среќа што гледам дека едно скромно и работничко семејство на човек што цел живот работел занает имаше среќа да го добие станот“, рече Ставрески.
Добитникот на станот, Кузмановски, вели дека никој во неговото семејство не верувал оти токму тие некогаш би можеле да бидат добитници на ваква награда.
„Не се надевав, не верував дека би можело ние да го добиеме станот. Кога заѕвони телефонот мислев дека некој онака ме бара. Кога чув веќе и кога внуците дојдоа направивме една мала веселба. Сите се радуваме заедно“, рече Кузмановски.
Наградната игра продолжува в понеделник, кога ќе биде второто извлекување, а највисоката награда сега е автомобил. Со оваа наградна игра, Владата сака да ја стимулира фискализацијата и да ги охрабри граѓаните да бараат фискални сметки за сите услуги.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




