22 Септември, 2023
0.0218

НЕ ПРЕСТАНА ДА ИГРА: ЕВЕ ШТО ПОДГОТВИ ЗА ГОСТИТЕ - Најмладата министерка за финансии го кажа судбоносното ДА (ФОТО)

Објавено во: Стил 02 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка Нина Ангеловска викендов стапна на „лудиот камен“. Ангеловска му кажа ДА на докторот Виктор Станков, со кого направија свадбена веселба во познат скопски ресторан.

Сосема очекувано меѓу присутните гости има познати лица од јавниот и политичкиот живот.


За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница, а во иста боја одело е нејзиниот сакан, додека нежната шминка ја истакна нејзината природна убавина а косата ја собрала во ниска пунџа.

Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче.

Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата.

Од објавата на социјалната мрежа Инстаграм се забележува дека свадбената веселба поминала во навистина забавна атмосфера. Невестата и младоженецот им приредија забавен почетен танц на гостите. 

Во 2019 година Нина стана министер за финансии и беше еден од најмладите македонски министри за финансии.



Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

РУСИТЕ ВРАЌААТ МИЛИЈАРДИ. Путин предупреди-Не паѓајте во истата замка

РУСИТЕ ВРАЌААТ МИЛИЈАРДИ. Путин предупреди-Не паѓајте во истата замка