(ФОТО) СЈО ГИ СПАКУВА КУТИИТЕ СО ПРЕДМЕТИ: Ќе стигнат на адреса во Кривичен суд
Објавено во: Македонија, Галерија 29 Јуни, 2017 12:46
Неколку кутии за едно обвинение. Ваква глетка затекнаа новинарските екипи пред да започне прес конференцијата на Катица Јанева и тимот специјални обвинители.
Специјалните јавни обвинители ги стокмија обвиненијата кои во кутија ќе ги пратат на адреса на Кривичен суд а тој откако ќе ги прими предметите има рок од 24 часа да се изјасни по нив.

На ден пред да истече рокот СЈО најави 17 нови обвиненија во кои вкупно се обвинети 94 лица, а Катица порача дека СЈО ќе продолжи со работа до истекот на мандатот и помнатаму ќе се договараат со институциите како ќе работат и уште еднаш повика на укинување на членот во законот со кој е ограничен рокот на обвинителството за покренување обвиненија.
Според Јанева, случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се споени во едно обвинение, а само за „Талир“ и „Табла“ СЈО нема да поднесе обвинение. Истрагата за „Талир“, околу незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Јанева беше покрената пред еден месец, што е краток период за таа да биде завршена.

„Некој што водел незаконска кампања во изминатите 8 години не може за еден месец да се истражат сите дејствија кои треба да се стават на товар на обвинетите“, рече таа.
Нема обвинение ни за предметот „Табла“ во кој е осомничен директор на основното училиште „Реџо Рушиќ“ од Зајас, бидејќи без јавна набавка склучил договор за изградба на објект за 200 илјади евра. Според Јанева за случајот е проширена истрагата и во неа се вклучени високи функционери при што СЈО ќе продолжи да работи на „Табла“.
Обвинителката посочи дека ќе се бара притвор за дел од обвинетите, меѓу кои е и претседател на политичка партија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





