(ФОТО) СКОПЈЕ ВО СНЕЖНА ИДИЛА: Се чистат улиците од снегот кој уште вее!
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2017 12:38
Главниот град побелеа од белите снегулки кои од утрово веат непрестајно.

Поголем дел од градските улици и булевари речиси се расчистени и проодни од екипите на зимската служба на Град Скопје, а екипи нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.

За расчистувањето се користат два мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите а екипи остануваат на терен цел ден.
Досега на улиците и булеварите се фрлени 175 тони сол
До возачите има препораки да бидат внимателни со управувањето на возилата и да се придржуваат на условите на коловозите.

Меѓудругото, раѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




