20 Декември, 2025
0.1210

(ФОТО) Со огромна акција со делење книги, Матица го започна проектот „Читај повеќе – читај секаде!“

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2014 12:47

Добивај вести на Viber

Огромна акција, во која беа вклучени многу македонски естрадни личности, поддржани и од Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, беше организирана на централното градско подрачје. Клуб Матица преку познатите личности им ја пренесе главната идеја на проектот на граѓаните – дека треба да почнат да читаат повеќе, но и истото да го прават насекаде. Низ центарот на Скопје, на случајните минувачи им беа поделени голем број наслови од македонски автори, како начин на промоција на најзначајните македонски мисли, кои мора да ги чуваме и за истите да се грижиме соодветно.
„Уверена сум дека оваа кампања која мобилизираше широк круг на општествено одговорни компании и истакнати поединци од сите сфери на нашето живеење значително ќе го зголеми бројот на читателите, особено од најмладата популација. Ние мораме да се грижиме за физичката и менталната состојба на најмладите, особено во оваа ера на целосна посветеност на интернетот и модерните социјални медиуми“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Денешната акција претставува само вовед но и објаснување зошто Клуб Матица се одлучи за ваков вид кампања која е пред се наменета кон поттикнување на читателите да читаат повеќе, но и да се даде поддршка на македонските автори, како и да се предизвика социјалната одговорност на најголемите македонски компании. Како што беше нагласено, голем број на реномирани македонски фирми се вклучија во кампањата со цел да ја споделат со јавноста нивната приказна акција со која се приклучуваат на проектот. Клуб Матица го најави главниот настан кој е предвидено да се случува на 17-ти Април кога сите фирми-учеснички ќе делат од откупените наслови на минувачите, како начин да се помогне при развивањето и надоградувањето на свеста за читањето и количината мудрости која луѓето секојдневно ја конзумираат преку книгите. Дотогаш се договорени повеќе акции, меѓу кои: 18.03.2014 – Прва улична акција и промоција на првата Македонска кафе библиотека 21, 22.03.2014 – Викенд на поезија и љубов во Сигма Џулери во Скопје и Прилеп  од 12:00 часот 29.03.2014 – Ноќно читање со ЕВН 01.04.2014 – Донација на книги во домот за деца без родители 11 Октомври од страна на Архивирај Мк 03 и 04.2014 – Изненадување на свои клиенти од страна на Дајнерс во текот на месец март и април 15.04.2014 – Ноќ за поезија, романтика и љубов – Сигма Џулери 20:00 часот 20.04.2014 – Посна закуска и книга за супер викенд со Македонија Експорт Од Алкалоид  е организирана акција „Гратис книга во Билна аптека“ која ќе се реализира во текот на месец Април, МПМ исто така се приклучија со своја идеја за настан, а закажани се и други акции на Халк Банка, Шпаркасе Банка и Комерцијална Банка. Од Клуб Матица најавуваат дека ова е прва, но не и последна кампања од овој тип, пред се поради должноста што ја чувствуваат како кон своите редовни читатели, така и кон македонските автори, и желбата луѓето повторно да се доближат до книгите, како порано.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии