25 Јануари, 2025
0.0270

(ФОТО) Спектакуларен концерт на македонската филхармонија по повод 70 години Стопанска банка

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Пред голем број свои вработени, високи владини претставници, менаџери на македонски компании и медиуми, вчера во Метрополис арената на скопски саем, Стопанска банка АД - Скопје на спектакуларен начин го одбележа својот јубилеј, 70 години од своето постоење. За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот „Подари насмевка” со кој се собраа 1 милион насмевки од граѓаните, а Стопанска банка донираше во Детските здравствени домови низ земјава. Прославата продолжи со спектакуларен едночасовен концерт на Македонската филхармонија кои свиреа филмска музика, а посебен музички гостин беше и Калиопи. Прославата продолжи со коктел и концерт на Калиопи до доцните часови. „Традицијата, собраното искуство и знаење, но и довербата, создадени во текот на 70 годишната историја, се причина повеќе Стопанка банка АД-Скопје денес да е перцепирана како сигурна, динамична, иновативна, банка препознатлива по своите современи банкарски производи и модерните филијали ориентирани кон потребите на своите клиенти. Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор“, изјави Генералниот Извршен директор и Претседател на Управен одбор г. Диомидис Николетополус. „Стопанска банка е пионер во лансирањето на многу иновативни финансиски производи и услуги. Сакам да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на целиот менаџерски тим и на сите вработени во Банката, кои придонесоа за овие достигнувања во текот на сите овие години. Денес, можам со гордост да изјавам дека Стопанска банка е скапоцен дел од нашата групација, која е една од најголемите и најсилните финансиски групации во Грција, со значајно присуство во Југоисточна Европа, Турција и источниот Медитеран“, изјави Константинос Братос, председател на надзорен одбор на Стопанска банка. „Стопанска банка е една од најдобрите банкарски куќи во нашата групација, пример како луѓе од различни пазари, земји и култури можат успешно да соработуваат за бенефит на сите. Од денешна перспектива можеме да заклучиме дека одлуката на НБГ да направи стратегиски влез во Стопанска банка беше вистинска одлука. Континуирано инвестиравме во вработените, ИТ системот како и во зголемување на капиталот, за да Стопанска биде една од најдоверливите и препознатливи банкарски брендови во земјата. НБГ очекува да геберира вишок од приближмо 2 билиони евра, според истражувањето на стрес тестот кој го реализира ЕБРД, така што сме оптимисти за иднината на нашата групација. Би се заблагодарил на вработените и менаџментот на Стопанска Банка, на нивните заложби и одличните резултати. Можам само да им ветам дека НБГ секогаш ќе биде на нивната страна“, изјави Маринос Стратопулос, генерален директор и директор на сектор за меѓународни активности на НБГ.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес