(ФОТО) СРБИТЕ НАПРАВИЈА КАМП: Во шатори ќе ги сместуваат повратниците од ризични земји
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Март, 2020 18:55
Србија отвори камп за карантин на српски државјани кои се враќаат од странство.
Во Моровиќ, кај Шид, денеска е отворен камп за сместување на државјаните на Република Србија кои се враќаат од странство, а кои немаат регистрирано место на живеење на територија на земјата.
Ова ќе важи и за сите други патници за кои лекарите на границите ќе оценат дека преставуваат ризик по здравјето, објави српското Министерството за одбрана.
Министерството за одбрана заедно со Министерството за внатрешни работи и релевантните санитарни служби ќе утврдуваат кој ќе влезе во кампот, според проценките на лекарите, јави дописникот на МИА од Белград.
Воената установа Моровиќ, Шид и Миратовачко Поле – се трите локации кои се одредени за сместување во карантин, каде ќе бидат испратени српските граѓани кои живеат и работат во странство, а кои доаѓаат од најризичните земји – Италија, Швајцарија, Шпанија и Австрија.

Во Србија има 103 случаи на коронавирус, соопшти вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради оваа причина утре Србија целосно ќе ги затвори границите.
Фото МО на Србија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





