17 Јануари, 2025
0.0306

(ФОТО) Тргнаа електромобилите и електровелосипедите низ Скопје!

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева, денеска на плоштадот „Македонија“ ги промовираа новите електромобили и електровелосипеди кои ќе може да ги користат граѓаните и туристите. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ набави 5 електромобили со вкупна вредност од 3,5 милиони денари и 10 електровелосипеди со вкупна вредност од 500.000 денари кои што од денеска им се ставени на располагање на граѓаните. Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари по лице, за една тура за разгледување која во просек ќе трае 20 минути. На оваа рута се предвидени пет стојалишта: пред спомен обележјето Мајка Тереза, на плоштадот „Македонија“, Порта Македонија, пред споменикот Филип II Македонски и кај мостот „Око“. Се размислува рутата да се прошири и во Старата скопска чаршија. Електромобилите ќе ги управуваат шофери кои се обучени и како туристички водичи. Капацитетот на еден електромобил е 4 лица, вклучувајќи го и шоферот. „Електромобилите се одлична можност за остварување на целите за енергетска ефикасност. Тие веќе се користат во многу градови во Европа, за туристичка промоција на знаменитостите“, вели градоначалникот Трајановски. Изнајмувањето и враќањето на електровелосипедите, пак, ќе биде исклучиво на плоштадот „Македонија“, до продавницата за сувенири. Цената за изнајмување електровелосипед изнесува 100 денари, за користење од максимум 1 час. Електровелосипедите се изнајмуваат со пополнување барање и приложување лична карта на увид. Право на изнајмување електровелосипед имаат само лицата постари од 22 години. „Сакам да упатам апел до моите сограѓани да ги чуваат и да не ги оштетуваат велосипедите што ги изнајмиле“, додава Трајановски. Електромобилите и електровелосипедите ќе може да се користат во периодот од 10 до 19 часот.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете