(ФОТО) Ципрас ги поздрави Грците на националниот празник
Објавено во: Балкан 25 Март, 2015 18:38
„Денес го спомнуваме фактот дека ништо не сме добивале бесплатно. Сето ова сме го освоиле со борба. Кога сте во право, победувате“, изјавил Ципрас пред собраните Грци за време на прославувањето на Денот на независноста.
И покрај дождот, илјадници Грци излегоа на улиците да ја погледнат воената парада во Атина.
„Кога Грците бараат нешто, а ние сме категорични по ова прашање, а уште повеќе кога знаеме дека сме во право, тогаш се може да биде постигнато“, додал Ципрас.
На денешен ден во 1821 година започнало грчкото востание против Отоманската империја. На воената парада по централните улици на Атина поминаа тенкови, прелетаа воени ловци и хиликоптери. За прв пат по три години на цивилите им беше дозволено да стојат цврсто на улицата до воената парада.
Во меѓувреме, Европската централна банка (ЕЦБ) ги повика грчките банки да престанат да купуваат обврзници издадени од Грција, бидејќи тоа создава опасност за нивната финансиска стабилност.
Од ноември 2014 година ЕЦБ има обврска за надзор на европските банки, поради што изразува загриженост за опасноста од билансот на грчките банки да бидат покриени со средства од лош квалитет, изјавил анонимен извор од банката. Поради тоа ЕЦБ им препорачала на банките да ги зголемуваат ризиците.
Весниците „Фајненшл тајмс“ и „Волстрит журнал“ претходно соопштија за писмото испратено до банките во Грција, но ЕЦБ не ја коментира оваа информација.
Атина на еднакви интервали издала државни обврзници во поголем дел меѓу грчки банки, кои служат за отплата на претходни долгови и помошно финансирање во момент во кој државната каса е речиси празна.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството








