(ФОТО) Вака ли се развива туризам: Патот МАВРОВО – РАДИКА непрооден!
Објавено во: Македонија 08 Март, 2015
Информацијата дека дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терени и ги одржуваат сите правни правци проодни според нашите читатели не фаќа место.
Патот Маврово - Радика , е непрооден, поточно кај село Леуново возилата и механизацијата кои Македонија пат ги испратила на терен биле неисправни и заглавиле кај Леуново , реагираат до нашиот медиум читатели, испраќајки ни ја фотографијата подолу, напоменувајќи дека возачите на механизацијата им посочиле дека истите се неисправни.
„Вака туризам не се развива во ниту една земја. Маврово е едно од нашите туристички места на кои треба да им се посветува повеќе внимание. Ова што се прави нема никаква смисла. Замислете да заврнат два метри снег? Што ќе правиме тогаш? Ќе треба со денови да бидеме заглавени и отсечени од светот“, реагира нашиот извор кој сакаше да остане анонимен.