20 Декември, 2025
0.0562

(ФОТО) Пред викендот почнува да се гради пристапната улица на Кеј, кафанџиите револтирани на протест

Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 16:51

Добивај вести на Viber

Извадени бекатонските плочки, наоколу заштитна ограда, градежници на терен и собир на граѓани.

Ова се случува на спорната улица на Кеј 13 Ноември која град Скопје планира да ја направи сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето.

Проблемот од пред две години се враќа а фотографии кружат и се објавуваат на социјалните мрежи од револтирани граѓани и сопственици на објектите кои се наоѓаат на оваа спорна улица.

Кафеанџиите од кејот видно револтирани се обиделе да се јават до Општина Центар, но никој не им кревал, и се изненадени што за време на викенд градските власти решиле да почнат со градежни активности на местото на спорната улица.

Оваа улица која граѓаните не дозволуваат да стане пристапна со режим на сообраќај, жестоко ги скара градските власти и градоначалникот Андреј Жерновски кој им вети на граѓаните дека „со сите сили“ ќе забрани да се гради на ова место на кејот.

Жерновски најавил вонредна седница за во понеделник.

Од град Скопје упорно тврдеа дека станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, која е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор, правдајќи се дека оваа улица ја има вцртано друга институција не Град Скопје.

ова е спорната улица

„Дополнително, не е точно тврдењето на Жерновски, кое упорно се обидува да го наметне во јавноста, дека станува збор за "транспортна улица" која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор“,  реагираа тогаш од кабинетот на град Скопје.

Договорот за изградба на улицата Градот Скопје го потпиша со компанијата „Дивелоп груп“. Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки