24 Јануари, 2025
0.0274

(ФОТО) Запознавање на специфичните вински мириси со Камник во Бар Форца!

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

За време на третата седмица  од новиот концепт Бар Форца нарачен “Винарија во Фокус“, како една од најценетите и најнаградувани македонски винарии, Винаријата Камник ќе е почесен домаќин и истовремено ќе овозможи претсавување на своите вина пред гостите.  Денеска во рамките на овој концепт на Бар Форца, се одржа и третата работилница и медиа-бранч. За време на настанот присутните претставници на медиумите имаа можност да дегустираат и некои од префинетите вина на винаријата Камник во комбинација со вкусно приготвена храна. Притоа, едукативниот карактер на настанот беше заокружен со претставување на винските мириси од стрна на винаријата Камник преку типични издвоени примероци на ароми наменети за едукација. Винаријата Камник се вклучува во новиот вински концепт на Бар Форца кој придонесува да се издигне на повисока скала винска култура и свест во Република Македонија. Дел од тоа искуство е и винската дегустација која на специфичен и уникатен начин ги изострува сетилата на присутните, преку идентификување и препознавање на специфичните мириси. Во петок (14.11.2014) ќе започне првата винска едукативна вечер со Винарија Камник, така што сите заинтерсирани ќе имаат можност да научат нешто ново и да го  продлабочат своето знаење за структурата на белите и црвени вина, за винските мириси, нивните разновидни вкусови и различните фактори кои влијаат на сетилото за мирис препознавањто на специфичните ароми на понудените вина за конзумирање. За време на овој викенд, сите посетители во Бар Форца ќе имаат можност да ги пробаат вкусните деликатеси во склоп на понудените оброк-пакети заедно со специјално намалените цени на  вината на винаријата Камник, црвеното  Ten Barrels Syrah 2010 со комплексна арома и белото Тemjanika Premium 2013 со дискретни зачински поттонови.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес