(ФОТО) Зоран Заев објави каде одмора
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук сподели фотографии од локацијата каде го поминува одморот.
Тој летува во Македонија, поточно во Љубојно.
„Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ“, пишува Заев.
По одморот ќе следат разговори за составување на новата Влада.
Поради пандемијата на коронавирусот, македонските граѓани се ограничени за патување во странство. Повеќето се принудени одморите да ги поминат во земјава.
фото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.