30 Септември, 2024
0.0270

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НАСМЕВКИ, СРДЕЧНИ РАКУВАЊА И ЖЕЛБИ ЗА УСПЕХ - новите министри ги презедоа функциите

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Ден за фотографирање и срдечни поздрави, благодарност, со желби за успешно и одговорно вршење на министерските функции. 

Поранешните министри кои си заминуваат од Владата им посакаа добредојде на нивните наследници и им ја предадоа раководната палка со министерствата. 

Новата министерка за одбрана Славјанка Петровска имаше срдечна средба со екминистерката Шекеринска, која си оди од Владата и од високата политика. 


„Jа преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година. Денес, нашата татковина е земја членка на НАТО, и тоа не се случи само по себе. И благодарам на досегашната министерка Шекеринска за нејзиниот влог и придонес кон исполнувањето на оваа стратешка определба, и честитам на Армијата за подговеноста во работењето по НАТО стндардите. Пред мене стои сериозен предизвик да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни претстојат. Тоа е моја обврска кон граѓаните, кон припадниците на Армијата кон принципите на кои се заснова нашето членство во НАТО“, напиша Петровска.

Љупчо Николовски, кој си заминува од вицепремиерското место за борба со корупцијата, но не и од Владата, бидејќи таму ќе биде министер за земјоделство, ја пречека својата наследничка, Славица Грковска.


„На колешката Славица Грковска и честитав за изборот при предавањето на функцијата. Ја запознав со сите преземени мерки и активности. Во изминатиот период се сработи многу и се поставија системски темели во борбата против корупцијата и криминалот“, напиша Николовски, набројувајќи ги сите проекти кои биле финиширани или стартувани во неговиот ресор.

И Венко Филипче имаше срдечна средба со новиот министер за здравство Беким Сали, кој доаѓа од новиот коалиционен партнер во власта, партијата Алтернатива. 

Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, напиша Филипче на фејсбук.

Со својата министерска функција се збогува и Јагода Шагхпаска, која и посака многу успех на нејзината сопартијка и нова министерка за труд и социјала, Јована Тренчевска.


„Ми беше чест и задоволство што бев министерка на ресорот со многубројни предизвици, Министерството за труд и социјална политика. Оваа функција и ја предавам на мојата наследничка Јованка Тренчевска. И посакувам успешна и плодна работа во водењето на овој ресор. Заложбите за почитување на работничките и социјалните права, заштитата од насилството врз жените и семејното насилство како и унапредувањето на правата на децата и на младите и лицата со попреченост ми беа дел од приоритетите на кои заедно со мојот тим и вработените во Министерството за труд и социјална политика посветено работевме во изминатиот период“, напиша Шахпаска на својот фејсбук профил.

А за правдата, правото и правосудството во земјава ќе се грижи новиот министер Никола Тупанчевски, кој ја наследи функцијата од Бојан Маричиќ, кој ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции. 


„Функцијата министер за правда ја предадов на проф. д-р Тупанчески и му посакував успешно извршување на работните задачи во периодот што претстои. Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството. Среќно колега“, пишува Маричиќ.

Мила Царовска, ексминистерка за образование, која исто така нема да биде дел од новиот владин состав, му посака се најдобро на Јетон Шачири, новиот министер за образование, кадар на ДУИ. 

„На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата“, пишува на фејсбук Царовска.


А, во министерството за култура влегува Бисера Костадиновска Стојчевска, која ќе ја наследи досегашната министерка Ирена Стефковска. 

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“, напиша Бисера Костадиновска на фејсбук. 




Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација