19 Мај, 2024
0.0354

Фотографијата која го обиколи светот: Возрасен Грк плаче пред банка!

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Возрасен маж плаче пред банка во Солун, Грција - Фотографијата која го обиколи светот со брзина на светлината.

Тој е еден од грчките пензионери кои од своите пензии може да извадат само 120 евра оваа недела, откако грчките банки ставија клуч на врата освен за пензионери чии подигнувања се ограничени.

грција 4

Варуфакис: Пет години еврозоната е комедија на грешки

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис остро ја критикуваше применетата политика на драстични штедење и долготрајноста на преговорите со меѓународните кредитори во Грција во последните пет години, .

Варуфакис изјавил дека Европа има многу лош систем на управување. „Ова не е вистинскиот начин да се раководи една монетарна унија. Ова е пародија. Тоа е комедија на грешките од веќе пет години“, изјавил министерот за финансии за „BBC News“.

„Програмата која и ја наложија на оваа земја (Грција) и која сакаат да ја продолжат со наметнување, ќе се запамети како најголем неуспех во историјата на економијата“, додал тој.

„Договор ќе се постигне, без разлика дали од гласачите ќе излезе „Да“ или „Не“, додал уште Варуфакис“. Ако е „Да“, ова ќе е лошо за договорот, банките ќе се отворат под лош договор. Ако победи „Не“ ќе имаме друг договор, што ќе биде остварлив. Нешто од ваков вид на предлозите кои ни беа направени во последните денови“, додал тој.

Министерот за финансии ги повика Грците да гласаат против планот на доверителите на неделниот референдум, кој може да одлучи за иднината на Грција во еврозоната. Вчера тој јасно даде до знаење дека ќе поднесе оставка ако референдумот го освои одговорот „Да“.

„Подобро да си ја искршам раката, наместо да потпишам договор кој не вклучува реструктуирање на долгот“, изјави тој за „Bloomberg“.

Povlacenje-konca-Grcka-protesti-620x350

ЕК: Едно „Не“ нема да ја стави Грција во подобра позиција за преговори

Гласање со „не“ на претстојниот референдум во Грција нема да ги подобри позициите на земјата во преговорите со меѓународните кредитори, како што тврди грчката влада.

Ова го изјавил заменик-претседателот на Европската комисија Валдис Домбровски за германското издание „Ди Велт“.

„Погрешно е да се смета дека одговорот“ не „ќе ги зајакне позициите на Грција во преговорите. Спротивното е точно“, изјавил Домбровски, кој исто така е и комесар на ЕУ за прашањата на еврото и социјалниот дијалог.

Според него, ситуацијата во Грција во моментов е значително полоша во споредба со минатата недела, откако премиерот Алексис Ципрас зеде изненадна одлука да распише референдум по прашањето со условите на кредиторите во замена на нови средства.

Домбровски го коментира и прашањето кое грчката влада ќе го постави во недела, според комесарот тоа е „ниту фактички ниту правно правилно“. „Без оглед на тоа Грците ќе испратат сигнал до остатокот на Европа“, додал тој.

За изданието Домбровски исто така, изјавил дека дури и преговорите меѓу Атина и кредиторите да бидат вратени, „ќе потрае неколку недели пред да почне третата спасувачка програма. Главниот фактор на несигурност тука е дали ќе можеме да се разбереме политички“.

grcko ne i da

Грчкиот расцеп – меѓу „ОХИ“ и „НЕ“

Ретко во поновата историја Грците биле така силно раздвоени.

Како да се гласа на референдумот во неделата? Ова прашање оформува две непомирливи фракции – на “непоправливи романтичари” и наводно “манијакално Европејци”.

Во последните денови пред референдумот дебатата станува жестока, макар да се води не од вчера: Каков е односот на Грција кон Европа?

Според анкетите, од пристапувањето во 1981 година кон тогашната Европска заедница Грците се меѓу убедени поддржувачи на европската интеграција – не само поради великодушната финансиска поддршка од Брисел, а и затоа што по традиција ја ценат Европа како сидро на стабилноста во еден немирен регион. Само што во кризни времиња изолационистите и евроскептиците креваат глас и во Грција. Во почетокот на неделата над 20 000 луѓе демонстрираа пред грчкиот парламент, се изјаснија дека ќе гласаат со “не” на најавениот референдум во неделата .

Од нивна гледна точка, тоа е “не” против една “наметната однадвор политика на штедење”, што не влијае на нивниот став кон Европа. Два дена подоцна имаше нови спонтани демонстрации против наметнатите штедење.

Најпрво бранителите на гласање со “не” преовладуваа, во меѓувреме анкетите на јавното мислење покажуваат дека приврзаниците на гласање со “да” се израмнија и трката на референдумот ќе биде многу неизвесна. За Спирос Кореас тоа е уште една причина да излезе на протест. “Сакаме да се вратиме назад во животот и да ставиме крај на осиромашувањето. Затоа изјаснете се за гордо “не” во неделата “, вели 50-годишниот Грк во разговор со Дојче Веле-Бугарија.

Не ли се загрижени дека набрзина го свикаа референдумот и ја разгореа и така жестоката дебата за иднината на Грција во Европа разделувајќи ги сонародници? Спирос не се вознемирува од тоа прашање: “Што друго е слободата, ако не надминување на стравот? Кој му овозможува да го води стравот, живее во ропство “, вели тој.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот