(ФОТО+ВИДЕО) ВО ШВЕДСКА ЗЕМАЛА 4000 ЕВРА ПЛАТА: Еве зошто денес живее на село
Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2017 19:05
Јасмина Богучанин Сарван со семејството иако живеела во Шведска и земала плата од 4000 евра, се вратила во Србија и решила да живее на село.
Купиле земјиште кај Дервенте и воделе сметка првиот сосед да им биде на 1 км оддалеченост затоа што сакаат да се занимаваат со производство на органска храна.
Таа вели дека во град се живее брзо, а сите пари одат за сметки, храна, кирии.

Богучанин Сарван раскажува дека животот во Шведска не е за нив.
„Тоа е роботски живот. Ние отидовме затоа што добив работа за која имав плата од 4000 евра. Но, кога од 4000 евра ќе подмирите сметки, пак е исто. Системот е таков што луѓето имаат за основни потреби, а во град потребите растат секој ден“ - вели таа.


Богучанин Сарван смета дека не мора сите да живеат во град. Од овошките кои ги одгледува на село може да живее пристојно и без стрес, и како што вели да не робува на никој.
Вели дека на имотот се трудат за живеат независно од системот, трошоците не се големи и не им требаат многу пари.
„Нашата сметка за струја е минимална. Она што преноќило веќе не го јадеме. Немаме фрижидер, немаме ниту телевизор. Имаме лаптоп и интернет. Сметката за струја ни е околу седум евра. Купуваме некои намирници, на пример банани. Неделно за намирници сметката ни е 15 евра“ - објаснува Богучанин Сарван.
Таа вели дека сака да живее на село во период кога сите сакаат да заминат во странство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





