09 Октомври, 2024
0.0307

ФРАНЦИЈА ГО ДОБИ НАЈМЛАДИОТ ПРЕМИЕР ВО ИСТОРИЈАТА: Кој е Габриел Атал, полуларниот геј политичар

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Тој е еден од најпопуларните политичари во последните анкети. Атал се стекна со репутација на способен министер со добри јавни настапи. Тој станува најмладиот премиер во историјата и првиот кој отворено се декларира дека е геј.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше 34-годишниот министер за образование Габриел Атал за нов премиер.

Овој потег нема да доведе до големи промени во политиката, но ја сигнализира желбата на Макрон да се обиде да ги надмине непопуларните пензиски и имиграциски реформи од минатата година и да ги подобри шансите на неговата центристичка партија на европските избори во јуни. Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон заостанува меѓу осум и десет процентни поени зад партијата на десничарската Марин Ле Пен.

Атал, близок советник на Макрон, кој стана познат низ цела Франција како владин портпарол за време на пандемијата „Ковид-19“, ќе ја замени Елизабет Борн, иако тоа сè уште не е официјално потврдено.

„Габриел Атал е малку како Макрон од 2017 година“, тврди парламентарецот Патрик Вињал, мислејќи на периодот кога Макрон стана најмладиот француски лидер во историјата, тогаш на бран на исклучителна популарност.

Вињал се сретнал со Атал, неговиот сопартиец, пред десет години и посочува дека поранешниот министер за образование е „јасен и има авторитет“.

Францускиот претседател се занимава со потурбулентен парламент откако го загуби апсолутното мнозинство во телото набргу по реизборот во 2022 година. Инаку, Атал и Макрон заедно се помлади од Џо Бајден, кој оваа година повторно се кандидира за претседател на САД.

ФОТО: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Можеби ќе ве интересира

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?