Франција ќе оди во карантин?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Октомври, 2020 16:12
Франција најверојатно ќе оди во карантин.
Претседателот Емануел Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата, кога се очекува да прогласи четиринеделен национален карантин.
Истото го предлагаат и голем број француски лекари, кои откриваат дека 58 отсто од сите капацитети на интензивна нега се зафатени со пациенти со Ковид-19 и сметаат дека за две недели можеби веќе нема да има слободни места.
„Владата како да не извлече поуки од првиот бран. Овој бран ќе биде уште поуништувачки за болничкиот систем. Болниците нема да издржат ако не се преземат драстични мерки“, изјави претседателот на Француската федерација на болници Фредерик Валету.
Претседателот на Францускиот научен комитет и советник на владата Жан-Франсоа Делфреси изјави дека е изненаден од бруталноста на вториот бран и очекува дневно да има и 100.000 нови случаи на коронавирус.
Вчера се регистрирани 33.417 нови случаи на коронавирусот и 500 починати.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




