Франција очекува сериозен пад во производството на вино
Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2017
Француското производство на вино се очекува да се намали за 18 отсто во 2017 година, поради мразовите што ги погодија лозјата на пролет, објавија француските медиуми.
Сланата, пролетната топлина проследена со суво лето ги погоди француските лозови насади од почетокот на годината. Првата жетва на грозје започна десет дена претходно со остар пад на жетвата - освен во централниот регион Бургундија.
Очекуваното количество вино оваа година изнесува 37,2 милиони хектолитри, или 18 проценти помалку отколку во 2016 година и 17 проценти помалку од просекот во изминатите пет години, објави Министерството. Новата криза ги следи климатските недостатоци во 2016 година и двоцифреното намалување на производството, што резултира со жетва од минатата година што е една од најслабите во последните три децении.
Но, во квалитативна смисла, оваа година жетвата е добра. Во 2016 година, Франција беше втор најголем производител на вино по Италија, според податоците на Меѓународната организација за вино и лозарство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.