Франција во рецесија
Објавено во: Свет 15 Мај, 2013
Според францускиот институт за статистички и економски студии ВБП на Франција се намали за -0,2 отсто во првото тримесечие на 2013 година, со што Франција влегува во рецесија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова намалување на економијата следува по падот од 0,2 отсто во четвртото тримесечие во 2012 година. Истовремено, француската влада не ги промени превизиите и смета на економски пораст од 0,1 процент за 2013 година, убедена дека ќе има реприза на економијата во второто пологодие на годинава.
Засега индексот за развојот за 2013 година е на -0,3 отсто на француската економија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.