Француската опозиција бара оставка од Макрон или предвремени избори
Објавено во: Свет 06 Октомври, 2025 16:53
Опозициските партии во Франција го повикаа претседателот Емануел Макрон да распише предвремени парламентарни избори или да поднесе оставка.
Оваа шега трае предолго, фарсата мора да заврши, изјави лидерка на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен.
И членката на ултралевичарската партија Непокорна Франција, Матилд Пано изјави дека „одбројувањето започна. Макрон мора да си оди“.
На повиците за оставка од Макрон се придружи и пратеникот од конзервативната партија Републиканци, Давид Линард, додека лидерот и министер за внатрешни работи во заминување, Бруно Ретајо, кој вчера го критикуваше составот на новата влада, денеска изјави дека „топката е веќе во дворот на Макрон и дека тој наскоро ќе мора да се изјасни“.
Доколку има ќор-сокак, тогаш ќе се вратиме на гласачките кутии, но мислам дека има и други начини пред да стигнеме таму, наведе Ретајо.
Барањата за оставка на Макрон и распишување на предвремени парламентарни избори по оставката на премиерот Себастијан Лекорну. Тој, речиси четири недели по неговото именување поднесе оставка, обвинувајќи ги политичките партии во Национално собрание за создавање политички ќор-сокак.
Лекорну ја критикуваше жестоката борба околу распределбата на министерските места, која, според него, била непосредната причина за неговата оставка.
Во Националното собрание, ниту центристичкиот сојуз на претседател Макрон, ниту десницата и левицата немаат мнозинство. Владата се соочува со потребата да усвои рестриктивен буџет поради растечкото национално задолжување.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




