19 Декември, 2025
0.0473

ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА: Maкедонија економски и политички не е подготвена за ЕУ

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2019 07:10

Добивај вести на Viber

Македонија економски и политички, институционално не е подготвена за ЕУ, вели Антуан Пикард, француски експерт за европски прашања од Тулуз, и смета дека тоа е причината која го натера францускиот претседател Емануел Макрон да стави вето на самитот во Брисел, а со тоа нашата земја да не почне преговори.

Вели дека самата ситуација во Франција и Европа налага да се преземе еден таков чекор. Според него, недовербата е оправдана.

„ЕУ веќе не е како порано. Се разбира дека постои разлика меѓу Македонија и Албанија, но европските граѓани не го гледаат тоа, за нив и двете се споредливи со екс-комунистичките земји на Балканот“, додава Пикард, и вели дека во заедницата влегле земји кои не биле подготвени, а дури сега се гледаат последициите, и не треба таа шема да се повтори со Македонија.

Како пример ја наведе и Грција која често се соочува со финансиски кризи. Реформи се потребни за да се подобри животот на граѓаните. 

„Се разбира, секој може да ги смени работите во својата сфера, без разлика дали е во неговиот секојдневен живот или на ниво на влада. Секој може да се погрижи да донесе реформи и промени, за тоа нема потреба од Европа“, вели тој.

Според него, тоа е она што фали во Македонија и што ги уверува другите држави дека Македонија не е подготвена за ЕУ.

Пикард вели дека со напори, можеме да ги смениме работите дома,  да направиме реформи, но дали Македонија ќе влезе во ЕУ, ќе зависи од поширокиот контекст.

„Но, што и да направи Македонија, ќе зависи не само од неа, туку и од европскиот и меѓународниот контекст и кои се лидерите на сите земји-членки на ЕУ“, додава тој.

Откако Македонија не доби датум за преговори, а претходно го промени името со Договорот од Преспа, со цел да напредува во евроинтеграциите, имаше разочарување на домашната политичка сцена. На 12 април идната година ќе се одржат избори, со што граѓаните ќе треба да одлучат во кој правец ќе се движи Македонија.

По ветото, се споменуваа идеи за партнерство или за „пробно членство“ во ЕУ за Западен Балкан. 

Европската Унија и Западот значително изгубија доверба и можност за влијание врз Балканот и со тоа е овозможено поголемо влијание на Русија, Кина и Турција, објави вчера швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните