Француски филмски фестивал во Скопје и Охрид
Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2013 10:20
Со филмот „Камиј Повторува“ на режисерката Ноеми Лвовски, во Cineplexx, Сити Мол, ќе се отвори шестиот по ред француски филмски фестивал.
Фестивалот ќе трае од 26-ти до 30-ти јуни и за првпат оваа година програмата ќе биде поделена во два града и тоа од 26-ти до 27-ми јуни во Скопје и од 28-ми до 30-ти јуни во Охрид, каде традиционално и во целост досега се одржуваше фестивалот.
На него ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија. Овогодишната официјална селекција на филмовите ја направи г-дин Жан- Мишел Фродон, поранешен главен уредник на „Каје ди Синема“ и филмски критичар, кој ќе биде присутен во Скопје. Предвидено е да се прикажат 10 долгометражни и 3 краткометражни филмови. Фестивалските денови ќе ги затвори филмот „Последната изборна кампања“ на режисерот Бернар Стора, кому на последниот фестивалски ден ќе му биде доделена почесна награда.
И оваа година посетителите ќе ја имаат вообичаената можност да поразговараат со гостите-учесници на филмските остварувања. Па така оваа година на листата на гости се: Ноеми Лвовски (режисерка и актерка), Филип Ле Ге (режисер), Бернар Стора (режисер), Флоранс Сејвос (сценаристка), Гијом Деланд, директор на Домот на визуелната уметност во Каен, Филип Ле Ге (режисер), Сандрин Поже (режисерка) и Натали Стреиф, одговорна за програмите за помош на Светскиот филм во Француски институт во Париз.
Овој фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.
Фестивалот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, Пежо, Стоби, Филмскиот фонд на Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





