ФРАНЦУСКИ НАУЧНИЦИ: Дали никотинот помага во борбата против корона вирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Април, 2020 07:09
Тим од француски
научници планираат да ги тестираат никотинските фластери на пациенти кои се
заразени со новиот корона вирус, како и здравствените работници кои се на
првата борбена линија, откако една од нивните последни студии покажала дека
пушачите многу помалку се изложени на ризик да се заразат со Ковид-19.
Студијата направена во една од најголемите болници во Париз сугерира дека супстанциите во тутунот, најверојатно никотинот, потенцијално можат да спречат, пациентите кои пушат да се инфицираат со новото заболување, пишува денеска Гардијан.
Клиничките испитувања на никотинските фластери чекаат одобрување од француските здравствени власти, но истовремено, научниците строго инсистираат на тоа дека ова истражување никако не смее да ги поттикнува граѓаните на пушење. Тие наведуваат дека тоа носи други потенцијално фатални ризици по здравјето и убива 50 отсто од пушачите.
Од една страна, можеби никотинот навистина спречува пушачите да се заразат од коронавирусот, но од друга страна, пушачите кои ќе ја добијат болеста развиваат најтешки симптоми поради токсичните дејства на чадот од тутунот, така што студијата ќе се прави само во наока да се изолираат супстанциите кои ќе помогнат во развивање на медикаменти.
Тимот во болницата Пити Салпетрие испитала 480 пациенти кои се позитивни на вирусот, од кои 350 биле хоспитализирани , а остатокот со полесна клиничка слика биле пуштени на домашно лекување. Утврдено е дека од оние кои се згрижени во болницата, на средна возраст од 65 години, само 4,4 отсто биле пушачи, а од оние кои биле пратени на домашно лекување, на средна возраст од 45 години, 5,3 отсто биле пушачи.
Извор: ГардијанМожеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




