Францускиот државен секретар за европски прашања уверува дека предлогот не е против македонските интереси
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 18:24
Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон вели дека нивниот предлог за кревање на бугарското вето не е спротивен на македонските интереси, но бугарските преокупации треба да се земат во предвид на внимателен начин.
Тој кажа дека засега не може да изнесе детали за предлогот, затоа што е политички процес за кој уште се разговара. Сепак вели дека преговарачката рамка не е местото каде што треба да се одвиваат билатералните преговори.
„Отфрлам дека ова би било против интересите на Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, рече Бон.
Во Македонија власта засега не го коментира предлогот, но ВМРО-ДПМНЕ бара да го отфрлат предлогот затоа што е уцена и според нив бугаризација на рати. Левица исто така е против предлогот.
Левица ја повика власта да ги прекине преговорите со Бугарија.Овие денови францускиот предлог е топ тема и во Македонија и во Бугарија. Но, во Бугарија има и партии и политичари кои сметаат дека тој е добар за нив.
Можеби ќе ве интересира
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата




