Французи ќе не учат како да го подобриме квалитетот на млекото
Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013 10:50
Во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" - Скопје, Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) во соработка со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, денес ќе организираат трибина „Подобрување на квалитетот на млеко".
Целта на трибината е да се разговара за подобрување на квалитетот на млекото преку хигиената и балансираната исхрана на кравите.
Автор на презентацијата за хигенски инженеринг и дизајн е проф. д-р Владимир Какуринов, автор на презентација за балансирана исхрана е проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски.
На трибината ќе присуствуваат земјоделци, експерти и претставници од владини и невладини институции.
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




