07 Октомври, 2024
0.0259

Франција и Германија се согласија да ја забрзаат интеграцијата во еврозоната

Објавено во: Економија 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Германија и Франција имаат склучено договор за забрзана интеграција во еврозоната без отворање на договорите за ЕУ, соопшти британското издание „Guardian“.

Предлогот за потесна политичка унија во редовите на земјите членки од монетарната унија ќе биде ставено на претстојниот Европски совет во Брисел следниот месец. Истовремено на средбата британскиот премиер Дејвид Камерон, исто така ќе ги претстави своите барања против останувањето на Британија во ЕУ.

Според францускиот весник „Монд“ француско-германските планови повикуваат на реформи во еврозоната во четири области, „кои ќе бидат применети во рамката на тековните договори во наредните години“.

Дејвид Камерон повикал на повторно отворање на договорите кои не и  дозволуваат на еврозоната да се интегрира, обезбедување на Велика Британија шанса да го промени односот помеѓу Лондон и ЕУ, како и да ги врати назад овластувањата од Брисел.

Ако иницијативата на Франсоа Оланд и Ангела Меркел биде поддржана на советот, тогаш можноста за Камерон да ги постигне своите цели ќе биде елиминирана.

Француско-германскиот пакт беше финализиран во последната недела.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во моментов ги подготвува можните политички опции за самитот во јуни за тоа како да биде интегрирана еврозоната фискално и политички. Идеите на Берлин и Париз најверојатно ќе ја воспостават линијата на акција, како што се наведува во документот во кој се зборува за економска, фискална и социјална конвергенција која е комбинирана од германската монетарна дисциплина со францускиот стремеж кон повеќе инвестиции.

„Дополнителни чекори се потребни за да се истражува политичката и институционалната рамка, општите инструменти и правната база“ до крајот на следната година, се наведува уште во документот.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип