Франција лани привлекла најмногу странски туристи во светот
Објавено во: Стил 18 Јули, 2012 14:44
Франција во текот на 2011 година ја посетиле 81,4 милилиони странски туристи, со што постави нов рекорд на туристички посети во светски рамки.
Според извештајот на француската Генерална дирекција за конкурентност, индустрија и услуги, бројот на странските туристи во текот на минатата година се зголемил за 4,8 отсто во споредба со 2010 година, кога Франција ја посетиле 77,6 милиони странски туристи.
Франција бележи зголемување на бројот на странските туристи и покрај влошената економска ситуација, пред се благодарејќи на туристите кои доаѓаат од Русија, Кина и Бразил, чии број е зголемен за 17 отсто во споредба со 2010 година.
Франција во текот на 2011 година ја посетиле 1,1 милион кинески туристи, што претставува за 23,9 отсто повеќе од претходната година. По тригодишната „рецесија“ на американските туристи поради кризата, во текот на 2011, се забележува нивно масовно враќање со раст од 14 отсто, односно 3,3 милиони туристи. Јапонците исто така се побројни за 4,3 проценти.
Но, најмногу странски туристи во Франција сепак доаѓаат од Европа, дури 83,3 отсто или вкупно 67,8 милиони туристи, што во 2011 година претставуваше пораст од 3,1 отсто
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





