19 Декември, 2025
0.0355

Французин доби 133 милиони евра на лотаријата „Евромилиони“

Објавено во: Стил 30 Март, 2013 11:08

Добивај вести на Viber

Французин доби синоќа околу 133 милиони евра на популарната лотарија „Евромилиони“, соопшти компанијата „Франсез де жу“, која одговара за одржувањето на лотаријата во Франција.

Вкупната добивка на сопственикот на среќниот тикет е 132.486.744 евра.

Добиената сума е петтиот најголем џекпот во историјата на „Евромилиони“, во која учествуваат десет лотарии во Шпанија, Велика Британија, Франција, Луксембург, Белгија, Швајцарија (две лотарии), Португалија, Ирска и Австрија.

Засега не е соопштено името на среќниот добитник. Тој има 60 дена да се јави во седиштето на „Франсез де жу“ и да помине низ повеќе детални проверки. Кога ќе завршат сите процедури, кога нема да останат никакви сомненија во вистинитоста на тикетот, на на церемонија во Париз ќе му биде врачен чекот.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино