07 Октомври, 2024
0.0328

Фризерката што продаваше социјални станови излезе на суд, тврди дека е измамена

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Фризерката Благица Дончевска, која што е обвинета за измама на 42 лица на кои им продала непостоечки социјални станови за 400 евра од квадрат, денеска излезе на суд. Пред надлежните таа изјави дека не е виновна, туку и самата била жртва на измама. За време на нејзиниот распит пред судот, тврдеше дека не се претставувала како владин претставник и вработена во македонската Владата. Становите кои што ги продавала и ги понудил нејзин роднина, а и нејзиното семејство, според фризерката било оштетено затоа што дало 35 илјади евра за 3 стана, а становите сеуште ги нема добиено. Затоа, се правдаѓе фризерката пред судот, верувала дека проектот е реален бидејќи роднината што стоел зад целата работа ја уверувал дека зад него стојат моќни луѓе. Потоа програмата за социјалните станови таа ја понудила на нејзини познаници, а тие го прошириле кругот, па дури дел од оштетените барале провизија за посредување при продажба на станови. Дончевска тврдеше дека не знаела дека становите не постојат, но не видела никаква документациаја за нив. И оштетените не ги виделе становите, но и дале пари кои биле уплаќани на сметката на нејзиниот татко, вториот осомничен во случајот. Следното рочиште на кое што ќе се изјаснат жртвите на измамата е закажано во петок. Аферата тежи стотици илјади евра, а фризерката беше уапсена во март.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ